Чоколаден посен куглоф со мармалад 1

Чоколаден посен куглоф со мармалад

Уште првиот пат кога го пробавме, знаевме дека е рецепт кој мора да се запише и ќе биде подготвуван многу често. Во составот на нашиот омилен чоколаден посен куглоф со мармалад има неколку и тоа едноставни состојки кои сите ги имаме во кујната. Од првото правење ќе го погодите, па препорачуваме да го пробате независно од вашето искуство во кујната.

krckavi srce kolaci so marmalad 1

Крцкави срце колачи со мармалад

Постапката е едноставна, а вкусот полн и совршено добар! За кратко може да уживате во неверојатно добри колачи. Издвојте малку време и изненадете ги саканите со крцкави срце колачи со мармалад, ќе ви бидат благодарни.

посни медењаци со мармалад

Посни медењаци со мармалад

Кој обожава медени колачиња? Направени со многу љубов од вкусната кујна на Катерина. Што останува на вас? Изберете мармалад по желба, детално прочитајте го рецептот за вкусните посни медењаци и засукајте ги ракавите.

ружички со џем од смокви

Ружички со џем од смокви и цимет

Овие ружички со џем од смокви и цимет се совршени за појадок или за слатка ужина, а во комбинација со чаша кафе загарантирано ќе ви го направат денот поубав. Доколку немате мармалад од смокви, може во замена да искористите и некој друг овошен мармалад или џем.

posna pita so mak i orevi 1

Посна пита со мак и ореви

Кој е за вкусен посен колач? Ако ви недостигаат вкусни идеи за посни рецепти за празниците кои ни престојат, вие сте на вистинското место. Благодарение на Лана имаме одличен рецепт за посна пита со мак и ореви. Со една подготовка ќе добиете колач со два различни вкусови кој ќе ја разубави вашата празнична трпеза.

Брз мармалад од печени сливи во рерна 1

Брз мармалад од печени сливи во рерна

Овој лесен рецепт за брз мармалад од печени сливи му се допадна на секој кој слушна за него! Ние го практикуваме со години наназад, а разликата во последните години е што наместо со бел, го правиме со кафеав шеќер. Ем вкусно, ем многу поздраво.

Мармалад од моркови со портокал 1

Мармалад од моркови со портокал

Веќе е време да почнете со подготовката на списокот со сѐ што планирате да направите за зимница оваа годин. Секако, ако  сѐ уште не сте започнале со правење. Ви предлагаме оваа година  да пробате и некои нови рецепти за зимата да е поинтересна. Уживајте во новиот вкусен мармалад од моркови со портокал.

Мармалад од лубеница 1

Мармалад од лубеница

Сега е сезоната на лубениците и нашите пазари изобилуваат со ова сочно и вкусно овошје, и тоа по мошне достапни цени. Па, ајде да го искористиме тоа и да направиме домашен мармалад од лубеница!  На овој начин ќе може да уживаме во нејзината сочност и свежина во сите сезони, а не само во лето.

мармалад од праски со мед

Домашен мармалад од праски со мед

Кој може да одолее на вкусни палачинки или кроасани полнети со домашен мармалад од праски со мед? Има ли нешто повкусно од препечен тост намачкан со ароматичен мармалад и чаша топло кафе за појадок? Искористете ги ароматичните праски и направете си вкусен домашен мармалад.

Крцкави колачи со орев 1

Крцкави колачи со орев

Одлични за со топол чај или кафенце! Штом ги каснете ќе може да уживате ви сензациите на крцкањето и слаткиот вкус. По предлог на Катерина, со задоволство споделуваме рецепт за крцкави колачи со орев, кои е идеални за деновиве на дружење и уживање со семејството.

мармалад од портокали и лимони

Мармалад од портокали и лимони

Иако зимата ни пристигна, тоа не значи дека не можеме да си подготвиме по некој вкусен мармалад или џем. Пазарите и маркетите сега изобилуваат со цитрусни овошја, па така се роди идејата за овој рецепт. Одвојте малку време и пробајте го вкусниот мармалад од портокали и лимони.

Домашен мармалад од дуњи 1

Домашен мармалад од дуњи

Ја обожаваме страницата на нашата пријателка Лана! Кај неа, како и кај нас, сите рецепти се испробани и излегуваат без грешка. Време е на зимници, па ве потсетуваме да си направите вкусен домашен мармалад од дуњи, за да имате преку целата зима. Нема да се каете, издвојте малку време и нека има за уживање!

3 рецепти за домашен џем од црни сливи 1

3 рецепти за домашен џем од црни сливи

Ако може да си направиме дома, нема подобро! Потребно е само да сакаме да издвоиме малку време и да се обезбедиме со нешто домашно и без конзерванси. Па, повелете 3 рецепти за домашен џем од црни сливи, читајте и одберете си нешто за да пробате.