5 рецепти за 30 минути

5 рецепти за 30 минути во Kitchen wars – финална епизода

Креативност, вештини и одлична кулинарска дружба! Се одржа и финалната епизода од краткиот серијал Kitchen wars, кој го работевме на Ig live на инстаграм профилот на @sezahrana.mk во партнерство со Подравка. Овој пат ни готвеа 4 познати фуд блогери и истите беа поделени во два тима. Сѐ за храна тим – Катерина и Марија, и тим од победниците од претходните епизоди, Мартина и шеф Дејан. Темата беше салати и главни јадења, па учесниците ни приготвија 5 рецепти, од кои 3 салати и 2 главни јадења. Уживајте во сликите и пробајте ги јадењата!

Мексиканска салата со тестенини

Лесната салата е секогаш одличен избор за вкусен и брз оброк. Оваа мексиканска салата со тестенини, полна со свежи вкусови и неодолив кремаст прелив, ве уверуваме дека ќе ви стане хит за летниот период. 

бурито со месо

Мексиканско бурито со свинско месо 

Кое е вашето омилено јадење од мексиканската кујна? Дали е тоа бурито, тако или енчилада? Ако ја обожавате мексиканската кујна и ви недостигаат јадењата кои често ги порачувавте во рестораните, сега можете да приготвите вкусно бурито со свинско месо по супер рецепт! Уживајте во совршениот вкус во удобноста на вашиот дом.