меласа како здрава замена за бел шеќер

Меласа како здрава замена за шеќер

Меласата е густ и темен производ кој се добива при производство на шеќер со цедење на шеќерната трска или репа. Содржи многу минерали и витамини и претставува одлична замена за обичниот шеќер. Во последно време, во светски рамки станува се поактуелна благодарение на нејзиниот хранлив состав. Затоа, направивме мало истражување и ве запознаваме повеќе за меласата, што содржи и како се користи.