Олеснето мерење! – Претворете чаши во грамови

Сигурно во многу рецепти на интернет, од вашите мајки, баби или пријателки сте забележале дека количините на состојките се запишани во шолји. Во тој случај најчесто станува збор за чаша од 250 мл. Сепак, на многу домаќинки им е полесно состојките да ги мерат со грамови. Затоа сме тука ние да ви помогнеме за олеснето мерење на намирниците.

Како да мерите без кујнска вага?

Сите ние понекогаш сме се нашле во ситуација да немаме вага во моментот или едноставно истата да е расипана, а да мора да направиме нешто на брзина. За да може полесно да се справите со мерките во тие ситуации, погледнете ја табелата и научете како да мерите и без кујнска вага.