Постојат луѓе кои иако водат здрав живот, сепак тешко им оди намалувањето на килограмите. Најчесто, причинител за оваа појава е бавниот метаболизам, односно начинот на исхрана. Храната за добро варење и брз метаболизам е богата со растителни влакна, но и витамини, минерали и добри бактерии, кои можат да влијаат на цревната микрофлора, а со тоа и на основните функции на дигестивниот систем.
