Ве чеша кожата, имате црвенило кое печи и не знаете како да се справите со него? – Голема е веројатноста дека станува збор за непријатната и упорна егзема. Рацете се една од најчестите критичните точки на кои се појавува. Со оглед на тоа што бројот на лица кои се соочуваат со овој проблем е навистина голем и многумина се обратиле за помош, денес ќе се задржиме конкретно на мерките за постигнување и одржување на здравјето на кожата без егзема на рацете.
