брза посна салата со макарони мала

Брза посна салата со макарони и златна мешавина

Оваа брза посна салата ја правам за секоја посна славска трпеза или именден. Брза и превкусна, а се прави само со неколку состојки. Од наведените состојки ќе добиете една голема длабока чинија со салата, а по желба може да ги зголемиш состојките. 

мед и ореви

Мед и ореви – совршена комбинација за зајакнување на имунитетот

Во зимските денови на организмот му е потребна дополнителна помош за зајакнување на имунитетот. Токму затоа, комбинацијата од мед и ореви треба да биде вашиот прв сојузник во борбата против настинките и вирусите.

Од кујната на Марија – Запечена тава со пилешко, компири и златна мешавина

„Ова е еден од моите омилени рецепти! Превкусна комбинација на пилешко, компири, златна мешавина и кари зачин. Често го правам штом ми се најават гости на ручек или вечера, а верувајте дека сите го обожаваат! Ја поканив Катерина на дегустација и заедно снимивме кратко видео од подготовката на оваа запечена тава со пилешко. Таа го оцени рецептот со чиста 10-ка, па зошто да не го испробате рецептот што побрзо? Оваа интересна комбинација ја пробав во ресторан на туристичко место и многу ми се допадна. Едноставни состојки, а толку многу вкусно! Направив своја верзија на рецептот, кој стана традиционален и омилен. – вели Марија, фудблогер и уредник на нашиот сајт. 

pumpkin spice 1

Нов зимски тренд: „Pumpkin spice“ – мешавина од зачини за тиква

Време е за нешто ново, да дознаеме и откриеме нов вкус! Сте пробале ли до сега „pumpkin spice“ зачин? Можете ли да претпоставите за каква мешавина станува збор? – Тоа е зачин кој е составен од цимет, морско оревче, ѓумбир и каранфилче. Особено е интересен за есенскиот и зимскиот период. Ќе ви го направи посебно уживањето во зимските десерти и рецептите со тиква.

прованса

Прованса зачинот е магичната состојка на француската кујна

За миг отпатувајте до Франција и уживајте во мирисите на Прованса со помош на кујнската магија. Запознајте се со познатата зачинска мешавина – Прованса (Herbes De Provance) и почувствувајте го мирисот на француската кујна во вашиот дом. Популарна ширум светот, а сега достапна и кај нас. Ве запознаваме што е прованса и како да ја искористите за подготовка на супер вкусни јадења.  

Специјална мешавина од зачини за вкусно тако 1

Специјална мешавина од зачини за вкусно тако

Домашно и совршено! Прелистувајќи ја нашата веб страна, наидовме на рецептите за тако и забележавме дека зачините се важен дел од постапката за најдобро домашно тако. Малку истражувавме и пронајдовме рецепт како сами да ја направиме посебната мешавина од зачини за вкусно тако, која е наменета за подготовка на тортиљи и други мексикански специјалитети.

кари зачин 1

Кари – мешавина од зачини за одличен вкус и добро здравје

Дали знаевте дека кари не е еден зачин туку тоа претставува мешавина од зачини? Ужива секојдневна широка примена во разни јадења, а кај нас може да се најде во подобро опремени супер маркети или продавници за здрава храна. За него се вели дека е уметност, вештина, трпение и чувство на рамнотежа. Тоа е еден магичен прав што може да го направи секое јадење со прекрасен вкус.

2 домашни мешавини на зачини за суви колачи и бисквити 1

2 домашни мешавини на зачини за суви колачи и бисквити

Кај нас најчесто како зачини за колачи се користат циметот и каранфилчето, но има уште многу други зачини кои може да се искористат за таа намена и на секое колаче да му дадат посебна арома и вкус. Ви претставуваме две мешавини на зачини за суви колачи и бисквити кои ќе ве претворат во вистински мајстор во кујната и ќе направат за вашите колачи со сигурност надалеку да се зборува.

Експресен домашен лек против главоболка 1

Експресен домашен лек против главоболка

Има една мешавина од само две состојки која може да ви помогне како домашен лек против главоболка. За да ја елиминирате тегобата, потребни ви се само лимон и сол, еве зошто и како се употребуваат.