Здравјето е најважно, нели? – Сите сакаме да бидеме здрави, а за тоа ни е потребна храна меѓу другото богата со незаситени масти. Од масните киселини, на организмот најпотребни му се омега 3 мастите кои помагаат во зачувување на здравјето.

Во нашето тело се присутни голем број на нутриенти кои се од голема важност за нормално функционирање на организмот. Таков нутриент е и прочуениот коензим Q10. Коензимот Q10 е позната состојка на храната која има улога во подмладување на телото и зачувување на целокупното здравје. Затоа решивме да направиме мало истражување. Ви ги откриваме најзначајните придобивки зошто на организмот му е потребен коензим Q10.
Во последните години, голем дел од светската популација се бори со разни здравствени проблеми, меѓу кои е и стресот. Стресот доведува до создавање на слободни радикали кои се причина за поголемиот број на болести. За нивно неутрализирање, ослободување од стрес, превенција од разни болести и за здрав организам, потребен е внес на корисни намирници. Една од тие корисни намирници е и билката чие име е ашваганда.
Холинот е хранлива состојка која е откриена неодамна. И, иако организмот ја произведува во мала количина, за да се задоволат потребите за холин, истиот да се внесува преку храната. Според некои истражувања, кај дел од луѓето не се задоволуваат препорачаните количини за овој нутриент. Затоа го направивме ова мало истражување и во соработка со Доктор Нела Деспотовска и Тримекс ве запознаваме подетално со холинот.
DHA (докозахексаеноичната киселина) е полинезаситена омега-3 масна киселина која се наоѓа во организмот и е значајна за нормално функционирање на мозокот, вклучувајќи раст и развој на бебешкиот мозок. Таа е главна структурна маст, која сочинува 97% од омега-3 кои се наоѓаат во мозокот и 93% од омега-3 кои се наоѓаат во ретината на очите. Исто така, е клучна состојка на срцето.
Ginkgo Biloba е екстракт добиен од листовите на Гинкго Билоба – најстарото и најлековито дрво во светот, кои имаат единствена лековита моќ на луѓето да им овозможат добро здравје, а со тоа и долговечност. Во кинеската медицина е користено за лекување на различни здравствени проблеми илјадници години наназад. А, за да дознаеме повеќе за придобивките од употребата на ова лековито растение ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска.
Аминокиселините се органски соединија кои учествуваат во градбата на протеините. Здравиот организам може сам да синтетизира 10 протеински аминокиселини. Овие аминокиселини се нарекуваат не есенцијални. Есенцијалните аминокиселини организмот не може сам да ги произведе, па мора да се внесуваат преку храната.
За храната се знае дека може да биде лек, но и непријател на здравјето. Изборот кој што го правите при набавување на намирниците влијае врз начинот на кој што размислувате, на вашето расположение, на концентрацијата и на енергијата. Некои продукти може да направат да се чувствувате фокусирани и полесно да размислувате, а други може ја намалат енергијата и да го влошат расположението. Па, затоа секогаш при купување изберете ги овие 7 намирници кои ќе го помогнат за подобро помнење и ќе ја подобрат работата на мозокот.
Храната може да дејствува како лек, но може и да биде најголем непријател на здравјето. Изборот што го правите кога ќе седнете покрај масата влијае врз начинот на кој што размислувате, на вашето расположение, на концентрацијата и на енергијата. Доколку имате слабо помнење, избрете ја следната храна за мозокот.
Стареењето ја забавува работата на срцето, ја намалува мускулната маса, ги оштетува клетките и ткивата. Меѓутоа, сите овие негативни ефекти на процесот на стареење врз здравјето можат да се ублажат со навремено прифаќање и применување здрави животни навики, правилно информирање, едуцирање и превенција.
Одредени видови на храна се познати по тоа што го подобруваат помнењето и функцијата на мозокот. Како најпознати ги издвоивме масните риби, лиснатиот зеленчук, јајцата, зелениот чај и чоколадото. Со редовна консумација на овие намирници ќе имате значително подобро помнење и здрава мозочна функција, како и поволно влијание врз целокупното здравје.