астаксантин

Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц

Можеби имате слушнато за бета-каротен, ликопен, зеаксантин и лутеин, но дали знаете нешто за BioAstin (астаксантин)? Астаксантинот претставува моќен антиоксиданс, кој припаѓа во групата каротеноидни пигменти. Често се нарекува „крал на каротеноидите“. Може да се најде во некои морски растенија и животни, а е познат како еден од најсилните антиоксиданси кои се наоѓаат во природата. Придобивките од неговата консумација се многубројни, а особено се препорачува за намалување на знаците на стареење и подигнување на нивото на енергија. Се вели дека е 6000 пати помоќен од витаминот Ц, па токму тоа нé поттикна да поразговараме со Д-р Нела и да се запознаеме подобро со овој природен антиоксиданс.

сок од калинка за добро здравје

Сокот од калинка е моќен природен антиоксиданс  

Дали сте пробале ли сок од калинка? Освежува, дава енергија и тоа не е сѐ! Уште одамна калинката се смета за симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот. Сокот од калинка има силна антиоксидативна моќ, посилна дури и од таа на црвеното вино и на зелениот чај. Според истражувањата, сокот од калинка има трипати посилно антиоксидантно дејство од истото количество зелен чај или црно вино, боровинка или брусница. Заштитното дејство им се препишува на фитохемикалиите – полифеноли, танин и антоцијан.