брз чоколаден мус во чаша без јајца

Брз чоколаден мус без јајца

На ваше и наше задоволство, пред неколку дена го одржавме кулинарското шоу „15 минути“ во кое за 15 минути Катерина Шамбевска Спасеновска и Марија Кочовска од нашиот тим ви презентираа како да си подготвите превкусен и брз чоколаден мус во чаши. Се дружевме, поразговараме и разменавме идеи за повеќе брзи испробани рецепти. Дел од вас посакаа рецептот да го ставиме на sezahrana.mk и да остане во богатата архива на испробани и препорачани рецепти. Па, драги читатели ве потсетуваме на рецептот и првата епизода на подолу прикажаното видео.

мус со цреши

Мус со цреши од 3 состојки

Убавината е во едноставните нешта! Доказ за тоа е овој десерт за кој се потребни само 3 состојки. Рецептот го подготви Ана, а ние со задоволство го споделуваме со вас. Направете мус со цреши кој е идеално лесно освежување на овие горештини!

Сладолед торта – чоколаден мус со јагоди

„Идеален летен сладок хит! Ова е највкусната сладолед торта која треба да ја пробате ова лето! Фантастично изгледа, а вкусот со три чоколада и јагоди ќе ве освои на прв залак. Мус и сладолед во совршена комбинација за љубителите на убави десерти.

чоколаден мус 1

Чоколаден мус со какао

Избирањето на состојките кои ги внесуваме во нашиот организам отсекогаш било важно. За да може телото да функционира нормално и да троши енергија, треба и да ја внеси. Бидејќи здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност, ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за чоколаден мус со какао кој како заменски оброк ќе биде добредојден на вашиот организам.

Чоколаден мус

Вкусен десерт за уживање! Убавината на совршениот чоколаден мус се состои во чувството на благо во устата и интересната воздушеста текстурата која му дава сунѓерест изглед. Многу е лесен за јадење, слатко ќе ве усреќи и нема да ви предизвика тежина во стомакот од прејадување.