5 добри причини да јадете мушмули 

Мушмулите водат потекло од југозападна Азија и југоисточна Европа, а во Германија први ја донеле Римјаните, кои меѓу првите ги откриле нејзините благодeти многу одамна. Кремастите, сочни мушмули во својот состав кријат голем број на витамини, минерални материи и растителни влакна.

Мушмула – мало овошје полно со витамини и минерали

Мушмулата потекнува од југозападна Азија и југоисточна Европа, а во Германија први ја донеле Римјаните, кои меѓу првите ги откриле нејзините благодети многу одамна, а постојат записи уште пред 2000 години п.н.е. за ова невообичаено овошје. Латинскиот назив за мушмула е Mespilus germanica што во превод значи германска мушмула. Во 1990 година во Северна Америка е откриена и Стернова мушмула, позната како Mespilus canescens.