На предлог на нашата пријателка Диана, ни доаѓа уште еден фантастичен рецепт за посен намаз од печурки и грав. Она што многу ни се допадна е тоа што за неговата подготовка потребни се неколку состојки, а целиот процес на припрема е многу едноставен.

Можеби ќе помислите, полесно е да се купи, зошто да губам време… Но, искрено речено, секоја минутка инвестирана во подготовка на здрави оброци се исплаќа многу, а посебно кога ќе размислиме на подолг рок. Оваа домашна паштета од печурки и ореви е како создадена за појадок, од срце препорачуваме да ја пробате!
Сезоната на модриот патлиџан ни овозможува да уживаме во навистина вкусната малиџано салата. Рецептот за нeјзина подготовка е лесен, а на блогот Кuhinjica Мignone препорачуваат дека посебно ќе им се допадне на љубителите на грчката кујна. Интересно е што, вака приготвената малиџано салата може да се послужи како намаз со тост, лепче, а исто така многу убаво одговара како прилог со месо подготвено на скара.
Домот на овој пикантен намаз со крем сирење е Северна Словачка. За прв пат е произведен таму, а бил направен со цел да служи за освојување на светските кујни. Се прави многу брзо и лесно. Се вклопува во комбинација со брускети, па сигурни сме дека откако ќе го пробаат ќе биде омилено мезе на вашето друштво!