Превенцијата е подобра од било кој лек. За да може вашиот организам успешно да се бори против вирусите и бактериите кои најчесто од есен до доцна пролет го напаѓаат телото, потребно е да имате силен имунитет. Најобичните настинки укажуваат дека имунитетот е намален, па затоа е потребно што поскоро да се преземат мерки за да се подобри имунолошката состојба.
