Ако барате природен начин за зголемување на енергијата, помош при намалување на вишокот на килограми и подобрување на севкупното здравје, време е да се запознаете со корисните адаптогени намирници за баланс на хормоните.

Често пати кога сме гладни помеѓу оброците ја земаме првата храна или напиток кој ќе ни се најде при рака. Притоа, важно е да напоменеме дека ако се трудиме во насока на слабеење, важно е да знаеме како да го „залажеме“ желудникот. Ова го спомнуваме и потенцираме заради тоа што постојат намирници кои го поттикнуваат и појачуваат гладот и никако не можете да го натерате стомакот да има чувство на ситост.
Пролетта важи за едно од најубавите годишни времиња, а многумина од нас не можат да уживаат во нејзиниот раскош, зелената трева и опојните цвеќиња. Тоа се должи на пролетните (сезонски) алергии кои понекогаш се многу непријатни. Ако овој период од годината се соочувате со солзење на очите, иритација на грлото, затнат нос, зуење во ушите… време е да преземете мерки и да го подобрите здравјето. Еве неколку добри намирници против пролетна алергија кои треба да ги јадете речиси секој ден.
Кога ќе се спомне крвен притисок, обично сите помислуваме на покачен крвен притисок. Може да се каже дека тоа е прилично нормално, со оглед на тоа што поголем е процентот на лица кои патат од хипертензија, споредено со хипотензија. Но, и едната и другата состојба, важно е да се пратат и штом се појават, треба да се преземат мерки за да се вратат во нормала. За таа цел, прочитајте кои намирници влијаат на крвниот притисок.
Денес постојат различни кампањи за намалување на бројот на заболени од рак на дојка и подигнување на свеста кај жените, и тоа е со право. Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жените, а има и случаи на појава кај мажите. Раното дијагностицирање е клучно, затоа што се смета дека во почетната фаза може да се излекуваат до 95% од заболените. Октомври е месецот за подигнување на свеста против ракот на дојка, па посветивме време и внимание на темата.
Сонцето и изложувањето на сончевите зраци имаат поволно влијание на организмот. Но, изгорениците од сонцето воопшто не изгледаат убаво, а имаат и штетни последици по здравјето. Па, дали може да ги превенираме изгорениците од сонце со исхраната и дали постои природен „заштитник“ од штетните УВ зраци? Освен со користење на масла и лосиони со заштитен фактор, за добивање на подобар тен и поубава кожа во лето, големо влијание има и исхраната. Направивме листа на најдобрите намирници кои ќе ви помогнат во таа цел!
Дали и вам ви се случило понекогаш да ви се досади секојдневно да смислувате што ќе јадете? Дали некогаш сте се запрашале дали има нешто што може да го јадете секој ден? Овие 3 намирници може да ги јадете секој ден или скоро секој, а од нивната консумација со сигурност ќе имате само корист. Покрај тоа, тие се достапни преку целата година. Па, се надеваме дека многу ќе ви го олесниме изборот на храна со овие 3 здрави и лесно достапни намирници.
Бројот на лица кои страдаат од артритис е сѐ поголем, како резултат на дегенеративните болести на зглобовите. Тоа не е воопшто чудно, ако се земе во предвид модерниот стил на живот, лошата исхрана, малата физичка активност… Иако со текот на годините, рскавицата се троши, а зглобовите стареат, сепак со помош на здрав животен стил и консумација на намирници кои го поттикнуваат создавањето на колагенот, овие состојби може да се ублажат. Во продолжение ви претставуваме листа на намирници кои ги обновуваат зглобовите и рскавицата. Нека бидат дел од вашето мени доколку сакате да ги зајакнете зглобовите и обновите рскавицата.
Растителните намирници со виолетова боја не се само атрактивни на изглед, туку се и вистинска ризница на нутритивни и антиоксидантни материи, како што се ресвератролот и антоцијанините. Од нив всушност потекнува и нивната интензивна боја. Па, во продолжение ви припремивме листа со неколку виолетови намирници кои се одлични за здравјето.
Ставањето на свежи намирници во фрижидер е навика, бидејќи сите мислат дека тие таму ќе останат подолго свежи, но тоа не е секогаш најдобро. Проблемот настанува кога фрижидерот е преполн со намирници, како што е овошјето и производи кои во себе содржат висок процент на вода. Наш совет е некои производи, а често пати тоа се некакви овошја и зеленчуци, да ги чувате надвор од него, на собна темперетура.
Консумирањето на исти намирници најчесто се среќава при диети и одредени режими на исхрана. Тоа не поттикна да дадеме одговор на прашањето, дали е добро постојано да се јадат исти намирници, па иако се здрави? Има доволни позитивни и негативни причини, па еве што мислат нутриционистите и научниците.