Во организација на Тримекс, во саботата на 02.11.2019 година се одржа акредитираниот настан „CoQ10 повеќе од енергија, повеќе од суплемент“. Истиот се одржа во Белведере, Битола, а учествуваа повеќе од 40 доктори од охридско-битолскиот регион.

Во рамките на Битфест 2017, на 27.06.2017 година, со почеток од 19:00 часот, на плоштадот Магнолија во Битола, Сѐ за храна одржа креативна работилница „ Со боите на храната креираме уметност“. На истата беа презентирани креативни мозаици и цртежи од храна, декорации со храна и предмети кои се употребуваат во домаќинството, рециклирани шишиња и тегли кои беа претворени во украсни детали за домот или за изработка на накит и слично.
Скоро 50 % од смртноста во светот се должи на кардиоваскуларните заболувања (КВЗ). Сличен е случајот во Македонија, каде во последните години смрноста поради КВЗ изнесува скоро 60%. Со цел да го намалиме ризикот од кардиоваскуларни заболувања со помош на храната, вчера, на 27.03.2017,во малата сала на Центарот за култура во Битола, Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна одржа едукативно предавање на тема „Здрави навики, за здрав срцев ритам“. Важна информација и факт кој сите треба да го запаметиме е дека со здрав режим на исхрана, надополнет со уште неколку здрави навики, ризикот од КВЗ се намалува до 90%.
Да го подобриме здравјето и да им ставиме крај на срцевите заболувања, високиот крвен притисок, артериосклерозата, покачениот холестерол, триглицеридите… Сѐ за храна со големо задоволство го најавува настанот „Здрави навики за здрав срцев ритам“, кој ќе се одржи на 27-ми Март, понеделник во малата сала на Центарот за Култура во Битола. Почетокот на настанот е од 18.00 часот, а влезот е бесплатен.
Со цел да дадеме свој придонес во подобрувањето на квалитетот на живот на битолчани, Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна организираше едукативна вечер на која стручни лица говореа како граѓаните со подобра исхрана и физичка активност може да си го подобрат сопственото здравје. Под мотото „Подобра исхрана, подобар живот“, во малата сала на Центарот за Култура во Битола, вчера, со почеток во 18:00 часот се одржа едукативен настан на тема „Здравјето е најважно!“ кој беше посетен од голем број на граѓани, а салата беше исполнета до последното место.