Велигденска радост! Вчерашниот ден го посветив на козињаците, па се препуштив на креативноста и направив 3 различни форми и вкусови. Традиционален козињак, но печен во калап за куглоф, за во средина да може да се стават јајца. Милиброд со мојот препознатлив крем фил од афионово семе, а годинава го подобрив. Него го знаете веќе неколку години наназад и кој 100% ви препорачувам да го пробате, а третиот е чоколаден козињак. На син ми му се брзаше да проба, па ги раскршив уште топли од рерна и ви сликав најбрзо што можев. – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска, фуд блогер и уредник на sezahrana.mk.
