Сѐ за храна помеѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија

Сѐ за храна помеѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија

Помина уште една убава година, споделуваме рецепти, совети за здравјето и кујната, правевме домашни лекови и дегустиравме традиционална храна. Се дружевме на настани, креиравме едукативни предавања, се дружевме со средношколците и со студентите од повеќе факултети и разговаравме за различни теми поврзани со исхраната и здравјето. Шетавме со нашите автори и пријатели, ги откривавме убавините на Македонија, а најповеќе уживавме во вкусот на традиционалната храна. Учествувавме во повеќе ТВ емисии, готвевме во живо и споделувавме препораки на различни теми. Бевме дел од повеќе хуманитарни акции и дониравме онаму каде што беше најпотребно. И на крај, сите вие кои ја поддржувате нашата работа, гласавте на изборот за Најдобар сајт 2017. Со заеднички сили, љубов и желба, сите ние потврдивме дека храната е област која многу ни значи, а квалитетот може да биде препознаен. Драги пријатели, да ве информираме дека ги добивме резултатите од изборот за Сајт на годината 2017. И овој пат, Сѐ за храна е меѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија, во конкуренција од преку 200 пријавени сајтови.

5 зимски зеленчуци кои го чуваат вашето здравје

И во ладните денови треба да пазиме на режимот на исхрана. Покачениот број на килограми, зголемениот холестерол, триглицериди не се во прилог на здравјето. Затоа и во текот на ладните денови, често консумирајте зимски зеленчуци кои се лесно достапни и го чуваат вашето здравје.

6 најдобри извори на железо 1

6 најдобри извори на железо

Железото е минерал од суштинска важност. Тој е потребен за секој организам и неопходен за транспорт на кислородот до секоја клетка. Затоа, важно е да знаеме кои намирници се добри извори на железо, за да ги внесуваме во склоп на секојдневната исхрана.

најдобри зеленчуци за салата

5 најдобри зеленчуци за свежи салати во зимскиот период

Ладните денови и студеното време го намалуваат изборот на свежиот зеленчук и овошје. Цените се значително повисоки, а зеленчукот е со помал квалитет. Сепак, не треба да се намали количината на зеленчук која се препорачува да се консумира и во зимскиот период. Затоа, направивме листа на петте најдобри зеленчуци кои имаат лесно пристапна цена, се свежи и изобилуваат со витамини и минерали.

портокали за сок

Како да изберете најдобри портокали за цедење на сок?

Обожавате да цедите свеж сок од портокали, но не знаете кои портокали се најдобри за тоа? Прочитајте ја следната содржина и дознајте кои портокали се поубави за јадење, а кои за цедење на сок. Свежо цедениот сок од портокали е добар за здравјето на тироидната жлезда, а содржи балансирана содржина на природни шеќери, корисни ензими, антиоксиданси, витамин Ц, магнезиум и калиум кои го поттикнуваат метаболизмот. 

Најдобри природни лекови против алергии 1

Најдобри природни лекови против алергии

Алергиите се многу досадни и тешко се лечат. Бидејќи тие се еден од најраспространетите здравствени проблеми на денешницата, со внимание издвоивме кои се проверени природни лекови против алергии и со грижа ги споделуваме со вас.