Д-р Нела Деспотовска советува: Што е дијабетичната невропатија, може ли да се спречи?

Една од најчестите болести предизвикани од современиот начин на живот е дијабетесот. Причините за за нејзината појава се различни: од наследни фактори, до нездравата исхрана и акумулиран стрес. Што е најжално, оваа состојба, влијае и е се почеста и кај младата популација., па затоа посветуваме посебно внимание за кревање на свесноста, со акцент на превенција пред лекување. Луѓето кои страдаат од дијабетес треба да бидат посебно внимателни за целокупното здравје, бидејќи имаат зголемен ризик од голем број компликации. Високиот шеќер во крвта (гликозата) може да ги повреди нервите низ телото, а најчесто ги оштетува нервите на нозете и стапалата. На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска која ни објаснува што е дијабетична невропатија, како да ја препознаеме  и што може да се направи за да се спречи.