Заборавете на купечките водички за плакнење на усната празнина, на ментол бонбоните, мастиките и спреовите за освежување на здивот. Со помош на здравата храна и некои исклучително важни намирници ослободете се од непријатниот здив.

Доколку сакате да имате свежо чувство во вашата усна празнина, исто како и после употребата на купечките освежувачи за уста, прочитајте ги овие три начини за подготовка на домашни води за освежување на здивот. Овие водички многу лесно и едноставно може да си ги подготвите во вашиот дом и да ги користите секогаш кога ќе имате потреба за освежување на здивот.
Мирисите се моќни! Толку се моќни, што една студија од Оксфорд докажа дека мирисот е најзначајниот фактор за сексуалната привлечност. А тоа му дава ново значење на мирисот на вашата облека. Ако и вие се соочувате со непријатен мирис на облеката во плакарот, пробајте некои од овие трикови кои ќе ви помогнат алиштата да бидат свежи и да мирисаат одлично.
Лукот им дава фантастична арома на јадењата, но непријатниот мирис од устата која се јавува потоа не е баш најпријатен. Со оглед на тоа што во пролетно-летниот период имаме можност да го го уживаме свеж или во текот на зимата како зрел лук со чешниња за одличен имунитет, во овој текст можете да прочитате повеќе за корисните намирници кои го неутрализираат мирисот од лукпосле јадење и кои ќе ви помогнат да го решите проблемот со здивот.
За кујната не постои ништо полошо од непријатен мирис од мијалник. Секоја дом го има, а скоро секоја домаќинка повремено се соочува со проблемот на непријатен мирис од мијалникот. Искусните домаќинки знаат и токму затоа, со нас споделија едноставен трик кој многу брзо ќе ја врати свежината во вашата кујна и ќе го отстрани непријатниот мирис на мијалник.
Заборавете на лошиот непријатен здив! Свежиот здив не е радост само на одредени, може да го има секој, ако знае каква нега да применува. Здравата храна може да ви помогне во одржување на добросостојбата на системот за варење, редовната хигиена на усната шуплина ќе ја намали веројатноста од појава на непријатен здив, а нашите неколку совети за свеж здив може да ги примените и дома, а да се чувствувате удобно секаде!