вишни

Вишни – овошје со небројни придобивки за здравјето

Посакуваната темно црвена вишна (lat. Prunus cerasus) потекнува од Северна Индија и Иран, и е многу популарна уште од дамнешните времина. Персијците и Римјаните ја обожавале. Потоа со освежителните вишни ги запознале и Британците за да се прошират низ целиот свет. Според будистичките преданија дрвото вишна и ги понудило своите плодови на Маја, мајката на Буда, да биде здрава и сита за време на бременоста. Легендата се смета за логична, бидејќи вишната го негува организмот и му дава чувство на ситост.