Со GABA неуротрансмитерот до 7 придобивки за здравјето

Редуцирајте ја анксиозноста на природен начин! Добриот сон е на некој начин гаранција или барем предуслов за убав и успешен ден. GABA неуротрансмитерот ја има токму оваа улога, да му помогне на организмот да ни обезбеди квалитетен сон и што полесно да се справи со анксиозноста која на денешно време ја има скоро секој.

GABA neurotransmiter 1

Истражувавме за GABA! Неуротрансмитер кој е спас од анксиозност и несоница

Поголемиот број луѓе никогаш и не слушнале за GABA, ниту знаат што истата претставува за организмот. Како и да е, сите кои страдаат од анксиозност и инсомниа (несоница), важно е да знаат за постоењето на овој неуротрансмитер, кој може да е клуч за редуцирање на симптомите!