Како да го намалите „лошиот“ холестерол во крвта?

Д-р Нела советува: Како да го намалите „лошиот“ холестерол во крвта?

Голем процент од популацијата во средна возраст, а за жал се’ повеќе и помладите генерации, се соочуваат со покачени вредности на масти во крвта, категоризирани како холестерол и триглицериди. Овој факт претставува сериозна закана по здравјето и е во директна корелација со појавата на атеросклероза, покачен крвен притисок и инфаркт. Посебно е опасно ако е покачен ЛДЛ или лошиот холестерол. Имајќи го предвид сето ова и со намера да споделиме корисни информации, се обративме за помош и разговаравме со Д-р Нела, па еве што дознавме.

природни состојки за снижување на холестеролот 1

6 природни состојки за снижување на холестеролот

Страдате од висок холестерол? – Постојано сте во потрага по разни начини и диети како да го намалите? – На вистинското место сте. За полесно одржување на нормално ниво на холестеролот во крвта најдобро е да внесувате што повеќе природни намирници. Во продолжение, ви издвојуваме кои природни помошници може да ги користите за снижување на холестеролот во крвта.

витамин Б-3

Намалете го „лошиот“ холестерол со витамин Б-3 (ниацин)

Покачениот холестерол во крвта е еден од најчестите здравствени проблеми на денешницата кој е ризик фактор за појава на кардиоваскуларни заболувања. Ако имате покачен холестерол, посветете внимание и потрудете се да го доведете во нормални граници. Причините за појава на покачен холестерол може да бидат многубројни, но правилната исхрана, редовната физичка активност, како и суплементите со витамин Б-3 може да ви помогнат за намалување и одржување на нивото на „лошиот“ LDL холестерол.

ниацин

Што треба да знаете за витаминот Б3 (ниацин) – извори, придобивки, дозирање и употреба

Витаминот Б3 – ниацин (никотинска киселина) е еден од тринаесетте есенцијални витамини и е дел од Б комплексот. Тој игра значајна улога во метаболните процеси на организмот. Повеќе од 400 ензими имаат потреба од витаминот Б3, со цел нивно непречено одвивање. На тој начин се добива и се складира енергија која е неопходна за нормално функционирање на организмот. Покрај тоа, ниацинот е неопходен за здрава кожа, коса и очи, здрав црн дроб, а помага и во нормалното функционирање на нервниот систем. Овој витамин е растворлив во вода, па затоа тој лесно се исфрла од телото и ретко предизвикува несакани и токсични ефекти.