Совети за подобар сон и одмор во топлите ноќи

Проблемите со спиењето се многу чести кога температурите надвор се високи. Добар сон е неопходен за организмот, а ретко кој го има во текот на летото. Ветер од никаде, а спиењето покрај пуштена клима не е многу препорачливо. Па, што ни преостанува тогаш? – Еве неколку совети за подобар сон и одмор во топлите ноќи.