Нашите пријатели Тримекс имаат супер попусти на омилените суплементи и акции кои не смее да ги пропуштите! Брусница, Д-Маноза, Инулин, Супер Омега… Време е за обновување на домашната мини аптека со најдобрите додатоци во исхраната.

Денес, најголем број од болните лица во светот припаѓаат на групата со кардиоваскуларни болести, а тоа се должи на широк дијапазон на фактори. Еден важен од нив е неправилната исхрана. Токму затоа и колку да изгледа познато и јасно, ќе посветиме малку време на темата и ќе ви прикажеме кои намирници се ефикасен „лек“ за крвните садови и може да помогнат во спречувањето посериозните заболувања.
Лененото семе е состојка која е добро да ја имате во кујната и на менито, а со постапка на ладно цедење од него се добива корисното масло од лен. Лененото семе и маслото од него, се идеални за отстранување на мастите и токсините од телото, го подобруваат метаболизмот, го намалуваат нивото на шеќер во крвта, го регулираат апетитот и одлични се за здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Секојдневно го консумираме, но сигурни сме дека поголемиот број нас малку знаат за хранливата вредност и придобивките од сончогледовото масло. Имавме и причина да размислиме и да побараме повеќе информации. Новото Брилијант масло со омега-3 нѐ мотивира да го реализираме ова истражување и да ве запознаеме повеќе за сончогледовото масло, но и овој нов производ на Витаминка.
Ревматоидниот артрит е хронична прогресивна воспалителна болест која ги зафаќа најчесто носечките зглобови (рацете и нозете). Предизвикува болка, здрвување, отекување и ограничување на движењето и функцијата на зглобовите. Типично болеста се појавува меѓу триесеттата и шеесетта година од животот, а жените почесто заболуваат од мажите. Имајќи во предвид дека голем број на лица страдаат од ревматоиден артрит, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска на оваа тема.
Денес постојат различни кампањи за намалување на бројот на заболени од рак на дојка и подигнување на свеста кај жените, и тоа е со право. Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жените, а има и случаи на појава кај мажите. Раното дијагностицирање е клучно, затоа што се смета дека во почетната фаза може да се излекуваат до 95% од заболените. Октомври е месецот за подигнување на свеста против ракот на дојка, па посветивме време и внимание на темата.
Хиперактивниот мочен меур (ХАММ) е широко распространета состојба која влијае на милиони луѓе на глобално ниво. Го менува нормалниот тек на животот, влијае на сонот, на работните задачи… А, важно е дека не сѐ е така „црно“ и дека може да делуваме! Прочитајте многу повеќе на темава од подолниот текст.
Повеќето луѓе во стресните моменти посегнуваат по високо калорична храна како чипс или слатки со надеж дека ќе ја ублажат анксиозноста. Оваа храна за брзо време го подигнува нивото на ендорфин и серотонин, но сето тоа е само повремено решение кое на крај носи повеќе штета отколку корист по здравјето. Води до зголемување на телесната тежина, ниска самодоверба и лошо здравје, што уште повеќе ги потенцира стресот и анксиозноста, како и промената на телесната тежина. Токму затоа, ви предлагаме листа на здрави намирници кои го намалуваат стресот на природен начин, како и некои додатоци на природна база.
Лососот е морска риба чие месо е многу ценето и се користи во човековата исхрана уште многу одамна. Ова месо е препознатливо по својата фина и црвена боја, мека структура и пријатен мирис. Во продолжение дознајте нешто повеќе за нутритивната вредност и здравствените придобивки од консумацијата на лосос.
Сѐ повеќе слушаме за важноста на омега масните киселини, па сѐ почесто ги консумираме и како суплементи во исхраната. Но, дали знаете колку се тие здрави и дека има одредени информации кои треба да ги знаеме за нивно најдобро користење во организмот? Повеќе за омега 3 и омега 6 масните киселини дознајте во продолжение.
Поради неговите хранливи состојки и нутритивни вредности, ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти. Има големата содржина на витамин Е – до 45 милиграми во 100 грама производ. А, одлично е и што ги содржи во поголема мера и омега-3, 6 и 9 есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, затоа што самиот не може да ги синтетизира.
Физиолошки, секојдневно од косата паѓаат 50-80 влакна кои се заменуваат со нови. Најчесто во есен опаѓањето на косата е поинтензивно, но косопадот може да е поттикнат и од некои здравствени проблеми и состојби. Ако опаѓањето на косата е подолготрајно и обемно, консултирајте со вашиот матичен доктор или посетете дерматолог, за да добиете соодветна терапија. Покрај тоа, можете да го промените и начинот на исхрана, па така да го спречите или пак намалите опаѓањето на косата.