имунитет и настинки

Како да се справиме во време на настинки и опаднат имунитет?

Неколку корисни совети од dm drogerie markt во соработка со нутриционистката Симона Коруновска

Сите сме почувствувале на своја кожа дека нашиот имунитет опаѓа во студените зимски месеци, кога се распространети настинки, грипови и други вируси, што значи дека ни е потребна помош во борбата со инфекциите. Со цел да сподели знаења и искуства кои би придонеле подобро да се чувствувате во вакви ситуации, dm drogerie markt почна соработка со нутриционистката Симона Коруновска. Заедно со неа, во следниот период ќе споделуваме практични и корисни совети со коишто, се надеваме, ќе ви помогнеме да го зајакнете имунитетот и полесно да се справите со вирусите.