Oпаѓањето на косата е нормален процес кај секој од нас и ретко кога обрнуваме внимание на истото, затоа што таа брзо се регенерира и не се забележува недостаток од видливо проретчување. Спротивно од нормалното променување, е појавата на зголемено опаѓање на косата, придружено со споро обновување. Постојат различни причини за абнормално губење на влакна од главата. Како почести причини се вбројуваат стресот и прележана болест, а во последно време медицинските лица посочуваат дека може да се случи зголемено опаѓање на косата како последица од корона вирусот.
