Во зимските денови на организмот му е потребна дополнителна помош за зајакнување на имунитетот. Токму затоа, комбинацијата од мед и ореви треба да биде вашиот прв сојузник во борбата против настинките и вирусите.

Дали и ти како мене обожаваш вака вкусни колачи да ги пиеш со омиленото кафе? – Ронливи, ароматични, совршени! Ова е вкусот кој ќе ти наврати и тебе топли моменти од детството! Кога и да ги направам овие посни пиварки со гриз, кокос и ореви и ги пробам, чувството е како топла прегратка! – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
„Ова е мојот омилен рецепт за пченица со ореви и цимет кој долги години го правам. Моите пријатели Сончева долина ми испрати ја пакетче со производи и ме предизвикаа да приготвам нешто вкусно. Производите ги искористив за нашата куќна слава, а секако задолжителен дел од трпезата е и пченицата со ореви. Ја имам сервирано и како бомбици, оваа година и во чашки, а е омилен десерт и на гостите.
„Ванила, потпечени лешници, ореви и бело чоколадо… ова е магичната комбинација која ја прави еврејската торта толку популарна и омилена. Решив да ја испробам за роденден и што можам да кажам – превкусна е и вреди да ја направите за велигденските празници или друг свечен повод. Бев во потрага по најдобриот рецепт, па направив моја верзија – еврејска торта со ореви и лешници која верувам дека ќе ви се допадне и ќе ве освои при прв залак!
На Instagram профилот на @katerina.shambevska, ни привлече внимание нејзиното мало сезонско истражување на темата зелени оревчиња. Катерина го споделува овој текст и рецепт и вели: „Даровите од природата и нивното користење за помагање на здравјето од секогаш ми беа предизвик и инспирација за истражување. Ореовката (рецептот може да го прочитате тука и на подолниот линк), ја подготвувам повеќе години, а сега ми привлече внимание една поедноставна верзија на сличните состојки – зелени оревчиња во мед.“
„Овие се колачи кои никогаш нема да ви досадат! Крцкави и со полн јаткаст вкус од ореви, совршени за со утринското кафе! Рецептов за посни пиварки со ореви го подготвува мајка ми со години и ми е меѓу омилените за суви колачи, па со радост го споделувам со сите вас!“ – споделува со нас Катерина од нашиот тим.
„Ладните денови се како измислени за нешто совршено како што е штрудла од домашни кори, филувана со најдобра комбинација од јаболка, цимет и ореви. Мирисот кој се шири низ домот е неверојатно добар, а вкусот пак…, тој е приказна која мора да се доживее и навистина не можам да ви ја опишам освен да пробате.“ – вели Катерина од нашиот тим, а ние со задоволство споделуваме со сите вас!
Секоја вевчанска трпеза претставува максимално уживање за сите сетила. Преку вевчанската храна, а особено познатите вевчански питули, каде и да се наоѓате, ќе имате можност додека јадете, да ги почувствувате убавите моменти што ви се случиле во Вевчани. Ќе ви се вратат сликите од Вевчанскитe извори, недопрената природа и прекрасното место кое изобилува со вкусна храна, вино, добри домаќини и моменти кои ќе ги паметите вечно.
Сигурно сте слушнале за големите придобивки од консумацијата на мед, но комбинацијата со ореви е прав избор за здравјето. Оревите изобилуваат со хранливи состојки, а заедно со медот се добива енергетска „бомба“ која често се користи како народен лек при анемија, покачен крвен притисок и чир на желудникот. Па, во комбинација, овие две намирници го снабдуваат организмот со речиси сите потребни витамини и минерали. Затоа, народот со векови ги употребува во народната медицина за правење на многу домашни лекови од мед со ореви.