Непријатните болки во коленото се едни од најчестите проблеми со кои се соочуваат повозрасните, но и помладите лица кои се занимаваат со спорт. Повредите на коленото се честа причина за појава на болка, кои може да се јават и без пад, превиткување или несреќа. А што може да доведе до болки во коленото без повреда? Кои се симптомите и препораките? На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска од Тримекс.
