Ова лето сакате мазна кожа без целулит? – Со помош на природните начини не мора да фрлате пари на скапи кремови. Природата е тука за вас! Направете миризливи перничиња, маска или масажа за домашно отстранување на целулит на лесен и пријатен начин.

Ви се истури вино на омилените фармерки? На новите тапацирани столови има ужасна дамка од кечап, а на вашите алишта имате мрсни флеки од готвењето? – Ви откриваме неколку трикови за лесно отстранување на дамките од храна. Потребни ви се неколку средства за чистење кои сигурно ги имате дома и малку време. Алиштата и домот ќе заблескаат како нови, а дамките ќе исчезнат.
Вашата нова боја на коса веќе почна да бледнее и опаѓа, ви се здосади или едноставно сакате промена? Но, не знаете како да ја отстраните од косата без скапи козметички третмани кои дополнително ја уништуваат и ја прават сува и безживотна? Ние имаме неколку трикови со кои на природен начин ќе се ослободите од непосакуваната фарба од косата.
Купечките отстранувачи на дамки од алиштата понекогаш може да предизвикаат иритации и црвенила на кожата, како резултат на состојките кои ги содржат. Доволно е само да ја прочитате нивната декларација и се ќе ви стане јасно. Па, поради тоа кај многу лица може да се јави алергиска реакција на ваквите средства. Како би реагирале ако ви кажеме дека може сами да си подготвите домашно и ефикасно средство за отстранување на дамки од алишта?
Ако забележите дека вашето дете постојано се чеша, раздразливо е и плаче, можеби има вошки. Вошките се размножуваат и шират многу брзо, се хранат со крв од кожата на главата и предизвикуваат јако чешање. Најмногу се застапени кај децата од 12 до 14 години, но во последниот период е забележано масовно ширење и во градинките. Освен со специјални средства, може да ги примените овие природни третмани за отстранување на вошки и гниди кај децата, но и возрасните.
Сигурно знаете дека како што одминуваат годините, брчките стануваат се повидливи. Но, дали се имате запрашано зошто настануваат брчките и како може да ги отстраните? Почнувајќи отприлика на 25 годишна возраст од животот, на површината на кожата се јавуваат видливи знаци на стареење. Во тие години се успоруваат процесите во кожата, а структурите почнуваат да слабеат. Започнува да се менува количината на супстанции кои ја затегнуваат кожата и ја прават мека. Ова е последица од комбинацијата на внатрешни процеси на стареење на организмот и влијанието на надворешните фактори.