Дали сте пробале тиро салата? Интересна комбинација од фета сирење, павлака и феферони која веруваме дека ќе го освои сечиј вкус. Послужена со топло лепче – фурнаринки е вистински избор за мезе со омилениот филм или фудбалски натпревар.

Светски популарниот чизкејк, станува омилен и кај нас. Ние го обожаваме и често го подготвуваме, бидејќи се прави брзо и лесно. Иако подготовката на чизкејк бара одредена умешност, сепак ќе се снајдат и оние со помало искуство во кујната, со помош на нашиот едноставен и испробан рецепт за чизкејк торта. Следете ги нашите совети и во овие топли пролетни денови засладете се со вкусна чизкејк торта.
За сите љубители на популарниот банана леб имаме нов рецепт кој сигурно ќе ве израдува. Приготвен во кујната на Сѐ за храна, овој рецепт претставува совршен спој на слатка банана и крцкави кикиритки со изразена овошна нота на портокал. Мек, сочен и на места крцкав од кикиритките, ќе ве воодушеви со својот богат вкус. Супер вкусен десерт кој мора да го пробате во првата прилика штом имате зрели и потемнети банани, кои не знаете за што да ги искористите.
Празничната магија може да започне! Време е за украсување на велигденските јајца и празнично декорирање на домот. Но, и за правење на највкусните велигденски колачиња кои оваа година ќе ги красат нашите празнични трпези. Крцкави и меки, едноставно се топат во устата. Топло ви препорачуваме да ги направите и да се засладите со вашите најблиски.
Овие мафини со боровинки се меки, сочни и воздушести, па ќе ве освојат уште на прв залак. Декоративни се, ќе внесат празнична магија во домот и ќе ги направат велигденските празници уште порадосни и побогати. Се прават лесно и едноставно и се одличен избор за брз и вкусен појадок. Затоа, подеднакво им се радуваат и децата и возрасните. Па, кој е за вкусни мафини со боровинки?
Доколку немате многу време за готвење, а сакате да му понудите на семејството нешто здраво и сезонско, веднаш запишете го рецептот за запечени тиквички со домати! Вкусот на ова јадење е свеж и лесен, па може да го комбинирате и со месо. Доволно е и ако се сервира како самостоен вегетаријански ручек. Како и да го послужите, веруваме дека ќе уживате во светот на вкусовите!
Ние ги обожаваме сезонските рецепти, а сега пазарите изобилуваат со карфиол. Време е да набавите едно големо парче од овој здрав и вкусен зеленчук и да направите превкусен ручек за целото семејство. Ова е едно од оние јадења кои имаат потенцијал да станат ваши омилени. Па, нека во вашиот дом мириса на запечен карфиол со јајца, павлака и кашкавал.