полнети црни патлиџани

Полнети модри патлиџани со месо

Есента е време кога природата ни ги дарува најубавите вкусови! Модрите патлиџани ги има во  изобилство на пазарите, па освен за во зимница, еве супер идеја како да ги искористите за да направите несекојдневен ручек. Вкусните полнети модри патлиџани кои се совршени и за оние кои се на хроно или кето исхрана.

баба гануш 1

Највкусниот рецепт за баба гануш – намаз од модри патлиџани

„Апсолутно прекрасно! Ова е еден од најкремастите и превкусни намази од зеленчук кои ги подготвувам. Баба гануш може да послужите со тенок леб, како што тоа традиционално се прави во арапскиот свет или пак да го намачкате на лепче за појадок. Или, може да го замезите со грицки или некој крцкав зеленчук, сеедно, баба гануш е најдоброто нешто подготвено од модри патлиџани!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ни направи и вкусна фотосесија од намазот.

Печени модри патлиџани во тегли

Подготовката на зимница е во полн ек! Како и секоја година, така и оваа приготвуваме најразлични специјалитети во тегли. Ајвар, лутеница, домата и различни салати. Тоа е убавината на нашата традиција и земја богата со највкусните зеленчуци и овошја. Овој пат приготвивме печени модри патлиџани во тегли.

чамчиња од модри патлиџани

Полнети „чамчиња“ од модри патлиџани

Модрите патлиџани нудат бројни можности за подготовка на вкусни јадења. Тие се вкусни и кога се подготвуваат со месо, но и во посни јадења. Наш денешен предлог за ручек се полнети „чамчиња“ од модри патлиџани. Овој фантастичен рецепт ни доаѓа од кујната на Лана, а тоа е доволно за да знаете колку е вкусен.

Летни мезе брускети 1

Летни мезе брускети

Летото е прекрасен период кој изобилува со разни зеленчуци, па во последно време имаме нова омилена комбинација за летни мезе брускети! Бевме сигурни дека вреди да ја споделиме, па еве како да ги направите.

Мини пици Маргарита од модри патлиџани по италијански рецепт 1

Мини пици Маргарита од модри патлиџани по италијански рецепт

Зошто да не биде здраво, освен што е вкусно, нели?! Ви предлагаме овој пат друштвото да го почестите со нешто екстра вкусно, а сепак нискокалорично ако го споредиме со традиционалните рецепти за пица. Направете им мини пици Маргарита од модри патлиџани и бидете свесни дека една доза може да ви биде малку. Превкусни се, сочни и со препознатливата арома на италијанските специјалитети!

Италијански шпагети ала Норма

Можеби досега сте пробале шпагети ала Норма во ресторан или пак сте ги направиле дома. А ако ги немате пробано, сега имате супер рецепт за ова едноставно, но многу убаво италијанско јадење. Освен со шпагети може да ги направите со било кои тестенини.

Пикантен сос од домати и модри патлиџани - зимница 1

Пикантен сос од домати и модри патлиџани – зимница

Сите гурманите и обожаватели на пикантни и лути вкусови, љубителите на сосови, никој не може да одолее на овој вкусен додаток! Состојките за подготовка на овој пикантен сос од домати и модри патлиџани се лесно достапни, локални и воопшто не се скапи. Може да си го дозволи секој кој што ќе реши да издвои малку време и да го подготви за себе и за семејството. Одличен е како додаток со печено месо, а супер е и како мезе со брускети или печени лепчиња!

црни патлиџани во сос - италијанска пармиџана 1

Печен специјалитет од црни патлиџани во сос – италијанска пармиџана

Многу сакаме кога ја менуваме секојдневната кујна со нови и интересни рецепти! Таков е и рецептот за италијанската пармиџана. Звучи интересно нели?! Вреди да се проба овој печен специјалитет од црни патлиџани во сос!

Струмичка зеленчукова тава - Имам бајалди 1

Струмичка зеленчукова тава – Имам бајалди

Ако сакате да ја нахраните душата со нешто сезонско, лесно и летно, оваа струмичка зеленчукова тава топло ви ја препорачуваме! Весна ни кажа дека е позната под името, имам бајалди, а подолу прочитајте ја приказната за тоа! 

Како правилно да замрзнете модри патлиџани

За да може да се задоволат потребите на организмот за хранливи состојки во зимскиот период кога достапноста на разновидното овошје и зеленчук е намалена, еден од начините е преку замрзнување на храната.