Како да одржите оптимално ниво на железо во организмот за време на зимскиот период

Како да одржите оптимално ниво на железо во организмот за време на зимскиот период

Зимата е годишно време во кое треба да посветиме големо внимание на исхраната, со цел да одржиме добро здравје. Намалената понуда на разновидно свежо овошје и зеленчук во зимскиот период, ниските температури и празничните гозби можат сериозно да наштетат на балансот во организмот и дополнително да го ослабнат имуниот систем. Поради сето ова, исхраната  во зимскиот период  мора да биде избалансирана, богата со витамини, протеини, есенцијални масни киселини и минерали. А сите знаеме дека еден од најважните минерали за организмот е железото. Па, сигурно се прашувате: Како да одржите оптимално ниво на железо во организмот за време на зимскиот период?