Серотонинот е клучен елемент на човечкиот организам и, иако не можеме да го внесеме со исхраната, нутриционистката Симона Коруновска и dm ни откриваат како тоа што го јадеме влијае врз неговото функционирање.

Нешто ново, многу вкусно и супер здраво од нашата кујна! Ние сме големи обожаватели на овој сос, а бидејќи ја консумираме и спирулината на покреативни начини, направивме нова комбинација на песто. Многупати сме споменале дека Hawaiian Spirulina е нашата омилена супер храна, а за тоа има многу причини. Прочитајте зошто е позната како најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото. Затоа ви препорачуваме да го пробате нашиот нов рецепт за домашен песто сос од босилек со спирулина!
Тешките метали како што се оловото, живата и алуминиумот со текот на времето се наталожуваат во организмот. Тоа може да е една од причините што често чувствуваме умор, исцрпност, безволност и лошо расположение. Дознајте како да се ослободите од овие штетни материи со помош на песто од коријандер, да си ја повратите енергијата и доброто расположение.
Ги обожаваме традиционалните рецепти, но секогаш сакаме да испробаме нешто ново и вкусно. Така, ги забележавме овие солени чаши кои веднаш ни привлекоа внимание. А штом ги прочитавме состојките, знаевме дека и вие ќе сакате да ги пробате. Затоа го споделуваме рецептот за солен чизкејк со сирење и песто од магдонос и спанаќ.