Пролетта е тука и мами за вкусни дружби! Па, сакате ли совршено вкусен рецепт? – На вистинското место сте! Направете си печени свински ребра со пиво, цело друштво ќе ги обожава. Сигурни сме, откако ќе ги пробате често ќе бидат на вашата трпеза.

Планирањето и подготовките за новогодишната ноќ започнаа. Сите размислуваат што да подготват за јадење, како да ја украсат трпезата, каков десерт да послужат. Доколку сте одлучиле Новата година да ја дочекате во удобноста на вашиот дом, ви предлагаме одличен рецепт за новогодишно мени. Печени свински котлети со растопен кашквал и шунка за совршен вкус!
Ги подобруваме вашите кулинарски вештини! Овој пат споделуваме корисни совети за подготовка на печени свински ребра. Што е најважно при подготовката? Дали треба претходно да се маринираат или зачинат? На која температура треба да се печат? – Продолжете со читање и дознајте ги малите трикови кои прават големи промени и го подобруваат вкусот на месото. А сочни печени ребра секој би сакал да проба, зарем не?
„Правев неколку проби и открив „совршен рецепт“ како да испечам цел плех пиперки додека трепнам! Со задоволство ви откривам и вас како да испечете 25 пиперки за 15 минути и тоа без да одбирате дали се прави или не! Брзо, лесно и без пребирање, ни на пазар ни дома, идеално нели?! – Читајте до крај и ќе ми бидете благодарни.“ – вели Катерина од нашиот тим.
Едноставните рецепти се најубави, нели? Секогаш кога сме во брзање и сакаме да приготвиме нешто вкусно, прв избор ни се пилешките кратки копани од Слога. Ги правиме на најразлични начини, маринирани, печени на скара, похувани, печени во рерна со зачини… Идеите се многубројни, а во оваа прилика споделуваме уште еден лесен рецепт за печени пилешки копанчиња. Го препорачуваме за сите кои немаат многу време за готвење или пак кулинарско искуство, но сепак сакаат да уживаат во оброци кои се подготвени дома.
„Ајде да ве почестиме со крофни! Нашиот тим овој месец очекува две новороденчиња, малечки принцези. По тој повод ви припремив превкусни крофни за новороденче кои секогаш ги правам штом имаме нов член во фамилијата. Иако е традиција да ги приготвуваат бабите, сепак љубовта кон подготовката на десертите и нивната декорација ми е голем мотив за и јас да се вклучам во овој убав обичај. Во некои краеви при раѓање на бебето се спремаат мекици. Кај нас во Битола се прават крофни и се честат најблиските кои доаѓаат да честитаат за бебето.
Ролованите свински увијачи се секогаш добредојдени на трпезата. Нивната подготовка е лесна и понекогаш може да си дозволиме ваков вид гурманско задоволство. Можете да ги подготвите со пилешко, говедско или свинско месо. Ние се одлучивме за печени роловани увијачи од свинско месо, кои можете да ги послужите со пире од компири, помфрит или зеленчук.