Кој сакаше рецепт за меки и вкусни, но печени крофни? Благодарение на Катерина сега ќе може да уживаме во новиот вкус на печените путер крофни, посипани со цимет и кафеав шеќер!

„Од припрема до трпеза, потребни ви се само 15 минути! Убавото време е тука и сите ние сакаме да го искористиме за малку да прошетаме по сонцето. Па, бидејќи и ги обожавам лесните рецепти кои брзо се подготвуваат, во мојата кујна ви припремив еден експресно брз и супер вкусен рецепт за печени тиквички со деликатесен фил!“- вели Катерина од нашиот тим.
Печурките се едни од нашите омилени намирници, па често ги користиме за подготовка на убави јадења за неизмерно уживање со семејството и пријателите! Овој пат избравме да ги пробаме новите свежи кафеави печурки на Бонум, а за тоа имаме повеќе причини! Пред сѐ, кафеавите шампињони се поцврсти од белите и имаат убава форма која се задржува и во конечниот изглед ако ги подготвите во некој убав специјалитет. Нивните карактеристики ги прават да се потрајни во споредба со белите, па решивме што почесто да ги користиме во исхраната. Откако ги дознавме овие нешта, се роди идејата за овој вкусен рецепт, кој совршено може да се вклопи на велигденската трпеза. Пробајте ги нашите кафеави полнети печурки со изварка и спанаќ!
Постојат многу идеи за подготовка на овој неодолив десерт, но ние денес ќе ви претставиме еден интересен рецепт за поздрава варијанта на печени крофни со прелив од чоколадо. Класичните крофни кои се пржат во масло, содржат многу маснотии, па не се најздрави, а често пати пердизвикуваат и проблеми со желудникот. Освен тоа, ретко кој може да се воздржи да не ја премине препорачаната дневна доза на калории кога јаде пржени крофни.
Вкусот на овие печени ќофтиња од мелено месо, спанаќ и кашкавал е нешто што мора да го доживеете, не е доволно само да ви објасниме, ете толку се добри! Печени, не пржени. А знаете што значи тоа нели? – Освен што подготовка е на поздрав начин, не е потребно да вложите дополнително време за готвењето. Подобро не може да биде. Идејата настана многу спонтано, а резултатот излезе исклучително добар. Веднаш се изедоа сите!
Здрави со семиња и оформени без глутен! Имавме разни состојки во кујната, па лесно беше да се пробуди креативноста и да се направат овие многу вкусни печени вегетаријански плескавици. Одлични се за многу режими на исхрана, а најмногу од се, погодни се и може да ги сместиме во оброците за добро здравје!