Меко, сочно и крцкаво! – Направете го највкусното печено свинско месо со лук и рузмарин за празниците. Тајната се крие во изборот на квалитетно парче месо, добар и испробан рецепт, маринада и печење на ниска температура.

Ролатите од месо се вкусни и декоративни, па совршено ќе ја надополнат секоја свечена трпеза. Може да ги подготвувате за слави, имендени, матурски, веридби, но и едноставно кога сакате да направите вкусен семеен неделен ручек. Всушност, има милион причини зошто да направите свечен печен ролат од свинско месо и пријатно да ги воодушевите сите со гурмански специјалитет кој остава без зборови!
Ние ги обожаваме сезонските рецепти, а сега пазарите изобилуваат со карфиол. Време е да набавите едно големо парче од овој здрав и вкусен зеленчук и да направите превкусен ручек за целото семејство. Ова е едно од оние јадења кои имаат потенцијал да станат ваши омилени. Па, нека во вашиот дом мириса на запечен карфиол со јајца, павлака и кашкавал.
Еден од џемовите кој традиционално се припрема во нашите домови е џем од црни сливи. За негова подготовка најдобро е да се користат црни сливи кои се зрели и меки. Ние денес ви претставуваме еден малку поинаков рецепт за џем од црни сливи со чоколадо приготвен во рерна, а многу вкусен за целото семејство.
Време е за нов гурмански предизвик! Ако обожавате похуван карфиол, а немате идеја за ручек, вие сте на правото место. Овој пат, пробајте го нашиот рецепт за крцкав печен карфиол во сос од кечап, кој сигурно ќе ви се допадне. Вака подготвениот карфиол може да го послужите и како мезе со некој интересен сос или како гарнир за месо. Ова јадење е доволно хранливо да се послужи и како самостоен оброк во комбинација со свежа салата!
Рататуј е традиционален француски специјалитет, чие име во превод значи мешана разновидна храна. Станува збор за лесен медитерански оброк, кој брзо се прави и е одличен начин да го искористите и изедете здравиот зеленчук. Се приготвува на различни начини, а сега имате можност да дегустирате рататуј на скара.