Како би можеле да уживаме повеќе во јадењето?! Овој пилешки стек со пица вкус е брзо, лесно и многу вкусно јадење, а нема никаква тешкотија за да се подготви!

Кога сте расположени за некоја поздрава варијанта, а сакате да припремите десерт, имамe супер лесен и здрав рецепт за печен ананас со мед и цимет. Одличен е за секаква прилика и во секое време. Овошен, освежителен, полн со витамини, а по желба може да додадете и некое јаткасто овошје. Така уживањето ќе стане уште подобро!
Уредничкиот тим на sezahrana.mk повеќе пати го има пробано овој вкус и искрено, многу ни се допаѓа! Благодарение на Невена, сега имаме и убаво објаснет рецепт за печен спанаќ со јајца и суви пиперки, со прекрасна фотографија која кажува многу. Бидејќи и таа ни потврди дека комбинацијата на овие намирници неа лично многу и се допаѓа, знаевме дека е вистинско време да ја споделиме со сите вас и како што вели Невена, посебно задоволни ќе бидат љубителите на спанаќ.