Вкусот на летото во чинија! Совршено македонско јадење кое одлично одговара со парче топол леб и сиренце. Мераци! Да си направиме и ние вкусен летен пинџур со зелени пиперки и уште неколку зеленчуци!

Ништо поубаво од домашниот пинџур. И благодариме на Весна која го сподели овој рецепт со нас, за кој таа вели: „ Нашиот пинџур е познат, има многу варијанти, оваа е мојата, многу едноставна. Овој рецепт ми е од старинските, со мала измена, а има можност за замрзнување, и е одличен и потоа, ист како пресниот. Ако имате надвор во двор каде да печете, блазе си ви, ако не, овој рецепт е наменет и погоден токму за дома.“