испечете 25 пиперки за 15 минути

Испечете 25 пиперки за 15 минути, вкусни како на скара

„Правев неколку проби и открив „совршен рецепт“ како да испечам цел плех пиперки додека трепнам! Со задоволство ви откривам и вас како да испечете 25 пиперки за 15 минути и тоа без да одбирате дали се прави или не! Брзо, лесно и без пребирање, ни на пазар ни дома, идеално нели?! – Читајте до крај и ќе ми бидете благодарни.“ – вели Катерина од нашиот тим.

Макало од сушени пиперки и компири

Макало од сушени пиперки и компири

Кај има поубаво од вкусот на домашните традиционални јадења? Се сложувате ли со нас? – Ве потсетуваме на едно јадење кое потсетува на љубовта и грижата од мајките и бабите. На Инстаграм профилот на Сика, најдовме проверено вкусно макало од сушени пиперки и компири. Нашата семејна традиција е многу слична со онаа на нашите пријатели од Сика, па со задоволство го споделуваме овој супер вкусен и посен рецепт.

Печени пиперки во тегли

Супер вкусни преку целата зима! Приготвивме ајвар, лутеница, па на ред дојдоа и запржените печени пиперки во тегли. Со додаток на лук и магдонос за совршено гурманско уживање. Исечете парчиња леб, направете брускети со пиперки и послужете ги како мезе. Брзо и вкусно!

реден рататуј

Реден рататуј од сезонски зеленчук

Освежителен вкус кој потсетува на лето. Доколку сѐ уште немате пробано реден рататуј со зеленчук, ова лето ви предлагаме да го подготвите и да му приредите вистинска гозба на вашето семејство. Изобилува со сезонски зеленчук, па совршен е за сите оние кои внимаваат на својата линија. А во комбинација со маслиновото масло ова јадење е совршен и комплетно избалансиран вегетаријански оброк.

Малиџано од црвени пиперки 1

Малиџано од црвени пиперки

Секој има свој начин на подготовка, а во оваа прилика ви предлагаме наш испробан рецепт за малиџано од црвени пиперки. Совршено оди во прилог со парче сирење и топол печен леб. Искрено ви препорачуваме оваа година за зимница да си направите и неколку тегли малиџано од црвени пиперки, ќе ви го збогати зимното уживање на трпезата!

Македонски ајвар со ладноцедено сончогледово масло 1

Македонски ајвар со ладно цедено сончогледово масло

Ние од sezahrana.mk ја почитуваме традиционалната кујна, а често пати сакаме да внесуваме и некои од поновите модерни трендови во храната. Така дојдовме на идеја, да пробаме да направиме ајвар со ладно цедено сончогледово масло. Вкусот е многу сличен на традиционалниот и баш е сладок со топол леб и сирење.

Летен пинџур со зелени пиперки - макало 1

Летен пинџур со зелени пиперки – макало

Вкусот на летото во чинија! Совршено македонско јадење кое одлично одговара со парче топол леб и сиренце. Мераци! Да си направиме и ние вкусен летен пинџур со зелени пиперки и уште неколку зеленчуци!

Традиционално макало од пиперки 1

Традиционално макало од пиперки со компири – летен рецепт

Вкусот на јадењата пренесуван со генерации, никогаш не излегува од мода! Такво е и ова макало! – Ако не знаете што вкусно и лесно да си подготвите, ви предлагаме да го пробате нашиот омилен и испробан рецепт за еден традиционално макало од пиперки со компири!

направете чили масло за 10 минути 1

Направете чили масло за 10 минути

Едноставен спој од сушени чили пиперки и масло! Вкусното чили масло стана прилично популарно, затоа што со него лесно и брзо можете да додадете малку  „оган“ во своето јадење. Обично се користи како завршен додаток на рижото, тестенини, морска храна, но исто така добро е за шпагети или сосови.

посна пита со пиперки

Посна пита со пиперки

Ладно време и топла пита во кругот на семејството! Моменти на уживање кои секој би ги посакал. Па, ако сакате да експериментирате во кујната, време е да го пробате овој нов рецепт за посна пита со пиперки.

Домашна лутенка со кечап 1

Домашна лутенка со кечап – традиционален вкус на полесен начин

Ќе уживате во секој залак! Топол леб намачкан со лутенка и малку сирење за прилог и тоа како годи за закуска со семејството! Есента е време кога специјалитетите и зимниците со пиперки го достигнуваат својот врв. А ние, инспирирани од светот на вкусовите пробавме традиционалните ноти да ги надополниме со нешто ново и направивме лутенка со кечап. Испробано, ќе ве одведе во нова вкусна „димензија“!

Ајвар од тиквички - лесен намаз за зимница 1

Ајвар од тиквички – лесен намаз за зимница

Доколку оваа година сакате да направите нешто ново и необично за зимница, топло ви препорачуваме да си направите„ ајвар од тиквички“. Иако не станува збор за класичен ајвар од црвени пиперки на кој вообичаено сме навикнати, вкусот му е подеднакво добар и вреди да се проба.

Полнет зеленчук во сос од домати

Нашиот денешен предлог за ручек ни доаѓа од кујната на Лана, а станува збор за полнет зеленчук во сос од домати. Ова јадење ќе го обожаваат сите, од најмали до најстари. Па, сигурно нема да погрешите доколку го подготвите.

Капсаицин – моќен лек од лутите пиперки 1

Капсаицин – моќен лек од лутите пиперки

Дали некогаш сте се запрашале зошто чили пиперките се толку лути? Чили пиперките изобилуваат со капсаицин, состојка која  им ја дава лутината на лутите пиперки и претставува моќен лек против многу заболувања кај човекот. Се наоѓа во свежи, сушени или мелени лути пиперки. За мерење на лутината се користи скала која е наречена„Scoville scale“. Чистиот капсаицин има дури 16 милиони Scoville единици, што значи дека е многу силен, па неговата лутина би ја почуствувале дури и кога би го консумирале разреден за милион пати. Затоа, доколку сега почнувате за прв пат да воведувате луто во вашата исхрана, започнете со многу мали количини, па потоа постепено можете да ја зголемувате дозата.