Витаминот Ц е еден од најзначајните витамини за здравјето. Иако портокалите и лимоните се прва асоцијација за витаминот Ц, сепак постојат други намирници кои содржат повеќе витамин Ц.

Може да се каже дека превкусниот ајвар е омиленото традиционално јадење и белег на есента кој најголем број луѓе го обожаваат, а посебно кога е топол и пресно подготвен. Колку само добро мириса! За сите кои оваа есен ќе прават вкусен намаз од пиперки, им подготвивме листа со 3 традиционални рецепти за ајвар кои се испробани во нашата кујна.
Овој македонски специјалитет може да се сретне како лутеница, лутенка или лутица. Како и да се нарекува во вашиот крај, препознатлив е по пикантната арома на печените лути пиперки, дополнета со сос од домати и лук. Домашната лутеница со кинати пиперки е одлична за појадок со парче сирење. Може да ја испржите со јајца или да ја послужите како мезе со печен леб.