Сезоната на тиквички сѐ уште не е завршена, па искористете ја и направете го овој интересен и креативен рецепт! Тиквичките се одлични во разни јадења и салати, а нашиот денешен предлог е превкусна пита со тиквички и мелено месо! – Па кој е за?

Уште еден неодолив и креативен рецепт! Нашата пријателка Емилија, активна членка во групата на Сѐ за храна, повторно нѐ изненади со одличен специјалитет. Пита со тиквички која мами со својот изглед, а сигурни сме и со својот вкус. Ако не знаете што да подготвите за појадок или вечера, ова е вистинскиот рецепт за вас.
Ви останал леб од претходниот ден? – Имаме одличен предлог како да го искористите. Направете супер вкусна пита од бајат леб со мелено месо. Наместо пржени лепчиња или омлет кои обично се јадат за појадок, сега пробајте различен оброк од слични состојки. Се што треба да направите е да додадете месо и кашкавал и ќе добиете пита која сите во домот ќе ја обожаваат.
Ако сакате да направите пита, а не сакате да тегнете или сукате тесто, нашата пријателка Емилија има одличен рецепт. Вртена пита со готови кори, совршена за подготовка кога ви се најавиле гости или едноставно кога сакате да направите нешто брзо за ручек или вечера. Послужете ја со чаша јогурт и уживајте во вкусот.
Овој пат гурмански патуваме во Врање и ве запознаваме со традиционален рецепт кој веруваме дека ќе ве освои! Станува збор за самса која е позната како врањска празна пита чија арома и сочност доаѓаат од преливот со кисело млеко и лук. Самсата е карактеристична за Врање и неговата околина. Се верува дека секој дом има свој рецепт за подготовка, но сепак главни состојки на питата се лукот и киселото млеко.
Кој може да одолее на вкусна, крцкава и ароматична пита со џем од јагоди? Кростатата е наша омилена италијанска слатка пита. Имавме можност да ја дегустираме при патување во Италија, а бидејќи ни се допадна многу, се потрудивме да најдеме испробан италијански рецепт за ова слатко ремек дело. Ако имате малку време, не двоумете се и пробајте ја популарната кростата со џем од јагоди.
Омилените колачиња на многумина приготвени во кујната на Сѐ за храна! Совршен рецепт за крем пита со пудинг, идеален за слави и секакви свечености. Време е да си подготвите слатко, кремасто уживање за себе и за своите најблиски. Тоа ќе биде супер прилика да ги поканите пријателите и да помините убави моменти со засладување и добар разговор.
Овој пат од кујната на креативната Лана ни доаѓа еден интересен и вкусен рецепт за рустична пита со домати. Всушност оваа пита се прави со класично тесто за пица во комбинација со фил од домати и бешамел сос. Многу е вкусна и лесна за подготовка, па доколку не сте одлучиле што ќе подготвите денес за вечера или утре за појадок, еве ви една супер идеја.
Имаме нова идеја за уште повкусен василичарски мазник со сирење и спанаќ! Традиционално во Македонија по повод Василица и стара Нова година, во повеќе краеви се прави мазник – вртена пита. Во мазникот се става паричка и се верува дека на тој што ќе му се падне паричката ќе го служи среќата преку целата година.