море во тегла

Ова лето на пријателите подарете им сувенир „море во тегла“

Бидете уникатни и креативни! Пренесете ги спомените од вашиот летен одмор и направете супер подароци за пријателите и роднините, но и декорации кои ќе го разубават домот. За време на одморот сигурно купувате слични сувенири кои обично во туристичките места не се ни малку евтини. А ова лето направете нешто поинакво и несекојдневно. Со малку креативност и неколку мали ситници кои сте ги собрале на плажа, поклонете им „море во тегла“ на вашите блиски.