Д-р Нела Деспотовска советува: 7 методи за справување со пневмонија како последица од зимски респираторни инфекции!

Пневмонијата е воспалителна состојба предизвикана од вирусна, габична или бактериска инфекција која стигнува дури до алвеолите на белите дробови. Алвеолите се ситни воздушни кесички во белите дробови кои за време на воспалението се полнат со течност или гној, што доведува до тешко или болно дишење. Одредени лесно применливи методи во домашни услови, може да помогнат во ублажувањето на симптомите на пневмонија и да го забрзаат процесот на закрепнување.