Здравјето на децата е врвен приоритет за родителите! Во период на вируси, особено сега во време на пандемија со коронавирус, силниот имунитет може да го заштити детето од непријатности и дополнителни ризици кои ги носат вирусите. Што можете вие како родител да направите за да го заштитите вашето дете? – По повод одбележувањето на Светскиот ден на детето, а тоа е 20-ти ноември, направивме мало истражување и поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. Од разговорот споделуваме неколку совети за превенција од настинки и корисни препораки за силен имунитет на вашето дете.
