Лесно полесно здравје, а брзо и вкусно! Печен помфрит од компири и тиквички, топ мезе плус сос за совршена комбинација! – вели Катерина за рецептот со кој се вклучи во неодамнешниот кулинарски предизвик, во организација на sezahrana.mk и Витаминка.

Крцкав помфрит со совршена златна боја и текстура директно од вашата рерна! Повеќе не мора да јадите во ресторан, за да уживате во перфектно подготвен помфрит. Сѐ што ви е потребно е да набавите една ќесичка замрзнати компири и да ги следите нашите инструкции. Полесно не може да биде, а крајниот резултат е спектакуларен! За само 20-тина минути на вашата трпеза ќе сервирате крцкав помфрит подготвен во рерна.
Може да се каже дека нашето македонско поднебје е „преплавено“ од компир и нашиот народ го употребува многу често во исхраната во безброј главни јадења, предјадења, во печива, разни салати, па дури и десерти зависно од останатите состојки и креативноста на готвачите. Често се употребува и за лековити намени. Со оглед на популарноста важно е да знаеме за него многу повеќе од она што може да се види и да се вкуси, па да прочитаме.