Успешно реализиран настанот „Здрави навики, за здрав срцев ритам“ 1

Успешно реализиран настанот „Здрави навики, за здрав срцев ритам“

Скоро 50 % од смртноста во светот се должи на кардиоваскуларните заболувања (КВЗ). Сличен е случајот во Македонија, каде во последните години  смрноста поради КВЗ изнесува скоро 60%. Со цел да го намалиме ризикот од кардиоваскуларни заболувања со помош на храната, вчера, на 27.03.2017,во малата сала на Центарот за култура во Битола, Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна одржа едукативно предавање на тема „Здрави навики, за здрав срцев ритам“. Важна информација и факт кој сите треба да го запаметиме е дека со здрав режим на исхрана, надополнет со уште неколку здрави навики, ризикот од КВЗ се намалува до 90%.