Вегетаријанско теријаки 1

Вегетаријанско теријаки, посна и лесна идеја

„Есенски вкуснотии од мојата кујна!“ – се првите зборови на Катерина од нашиот тим за ова јадење. Пријатно изненадена од вкусот на нејзината нова комбинација, со задоволство го споделува рецептот за вегетаријанско теријаки, кое може да послужи на многумина како посна и лесна идеја за ручек или вечера.