Постапалки во 2 вкусови – Лесни колачиња за лесни чекорчиња

„Првите детски чекори се вистинска возбуда не само за родителите, туку и за бебето! Радоста на син ми беше поголема и од нашата и ќе ја памтам долго! Очињата полни со сјај, а на лицето широка и гласна насмевка! Незаборавно! Тој веќе трчка, а јас поради обврски не стигнав тогаш да му направам колачиња, па сега ќе ве почестам превкусни колачиња за лесни чекорчиња и тоа ви припремив избор во 2 вкусови!“ – радосно раскажува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ги направи превкусните и слатки постапалки.