3 домашни третмани против поткожни влакна 1

3 домашни третмани против поткожни влакна

Зараснатите или уште познати како поткожни влакна, се прилично застапен проблем, а се јавуваат како резултат на пречесто бричење или депилација. Сами по себе, се непријатна појава, а често може да доведат до посериозни последици. За среќа, постојат многу природни и домашни третмани против поткожните влакна кои зараснуваат во кожата, па издвоивме мал дел од нив.

поткожни влакна

Домашен пилинг кој помага при поткожни влакна

Многумина од нас имаат проблем со поткожни влакна, кои понекогаш може да предизвикаат црвенило, болка и инфекција на кожата. Поткожните влакна се појавуваат кога растат настрана и се свиткуваат назад во кожата. Најчесто се појавуваат на пазувите, нозете, бикини зоната и рацете кај жените, а кај мажите на лицето и вратот. Колку се поостри, подебели и посвиткани, толку е поголема шансата да се појават поткожни влакна.