Ви треба идеја за брз и хранлив појадок?! – Катерина од нашиот тим ни предлага супер брз рецепт за ладен овесен појадок кој вреди да се проба. Одлична и здрава комбинација од овесни снегулки, јогурт, бадеми и овошје!

Летото е создадено за брзи и лесни салати кои може да се служат како прилог со главното јадење, но и како комплетен оброк за појадок или вечера. За денес споделуваме една лесна, летна салата со пченка. Се подготвува брзо и нема да ви одземе многу време во кујна, па ќе имате повеќе време за дружба со вашите најблиски и игра со децата, без грижа на совест дека нема да имате здрав оброк за нив.
Добар појадок, значи добар старт на денот. Добра ужинка, значи добар продолжеток на денот! Момент на уживање и „подлога“ за успешен ден. Последниот период инспирирани од истражувањето на светските кујни, дојдовме на идеја да го пренесеме искуството на Италијанците, кои најчесто јадат сладок појадок, а исто така обожаваат да каснат слатка ужинка. Ви припремивме повеќе идеи за инспирација, па се надеваме ќе уживате во вкусната галерија.
За сите љубители на лесен појадок, овие воздушести палачинки од белки и овес се одличен избор. Истите може да ги послужите како сладок појадок или пак попладневна ужина. Рецептот ни доаѓа од кујната на Лана и веќе знаете дека сигурно ќе ве воодушеви. Сите нејзини рецепти се вистинско уживање. На вас останува само да си ги направите и да му се препуштите на едно неверојатно гурманско искуство кое ги задоволува сите сетила.
Денес од кујната на Лана ни доаѓа еден супер предлог за малку необичен и нетипичен појадок за нашето поднебје. Станува збор за „наан“- индиски лепчиња. Ние во многу наврати имаме кажано дека обожаваме вакви рецепти кои ни го доловуваат вкусот на некои егзотични земји. Па, подгответе ги овие вкусни лепчиња и уживајте во традиционален индиски појадок во удобноста на вашиот дом.
Ние ги обожаваме домашните здрави намази! Лесно се прават, хранливи се и вкусни. Тие се идеални за здрав почеток на денот. Во комбинација со парче тостиран леб може да се добие вистинско гастрономско уживање кое ќе ги задоволи сите ваши сетила. За денес ви подготвивме баш таков рецепт, за домашни брускети со намаз од авокадо.
Да си направите здрав чиа пудинг со спирулина, ќе значи дека сте си обезбедиле супер хранлив и многу вкусен појадок. Ваквиот пудинг е богат со протеини од спирулината и чиа семето, со јаглени хидрати и растителни влакна од овошјето и здрави масти од чиа семето и авокадото. На кратко, вкусно волшепство во чинијата!
Иако, во минатото овесот се користел најчесто како сточна храна, денес како резултат на бројни и долгогодишни студии се дојде до заклучок дека тој е одличен извор на важни нутриенти кои се неопходни за човековото здравје. Па така, денс не само што тој нашироко се употребува во човечката исхрана, туку често пати се користи и како лек. Тоа не е ни малку чудно кога ќе се земе во предвид дека вкусниот појадок од овес содржи изобилство од минерали и витамини како јод, хлор, фосфор, натриум, силициум, железо, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, наицин, биотин и многу други витамини.
На пазарите веќе ги донесоа првите јагоди, па се инспириравме да го споделиме со вас овој навистина здрав и вкусен џем од јагоди со чиа семе. Ова е навистина совршен спој на состојки кои гарантираат уживање на сите сетила. Чиа семето му дава совршена текстура, а јагодите пак превкусна арома. И што е најважно, ова е навистина здрава комбинација, па не треба да се плашите дека ќе претерате со јадење. А, ние ви гарантираме дека кога еднаш ќе го пробате, нема да може да се воздржите да го изедите целиот џем.